Најмалку 60 мигранти загинаа во Средоземното Море на пат кон Италија, објавија денеска италијанските медиуми.
Според државната новинска агенција АНСА преживеаните, кои беа спасени од хуманитарниот брод Океан Викинг по неколкудневна пловидба во Централниот Медитеран, тврдат дека најмалку 60 луѓе загинале за време на патувањето. Како и дека една жена и најмалку едно дете се меѓу жртвите.
Дваесет и пет лица беа спасени и тие изјавија дека испловиле од западниот либиски град Завија.
АНСА соопшти дека двајца преживеани биле медицински евакуирани од италијанската крајбрежна стража откако изгубиле свест и биле пренесени во болница во Сицилија.
TRT Balkan / агенции