Руските власти се уште не го коментирале нападот во кој се повредени 13 лица, меѓу кои и едно дете

Украинските власти соопштија дека најмалку осум лица загинале во напад на руски дрон врз станбена зграда во градот Суми.

Украинската државна служба за вонредни состојби на Телеграм објави дека попладнето од под урнатините било извлечено тело на една жена, со што бројот на загинати се искачи на осум.

Истиот извор јавува дека во нападот се повредени 13 лица, меѓу кои и едно дете.

Надлежните спасувачки екипи ја продолжуваат акцијата за пребарување и спасување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х рече дека нападот на станбената зграда е „страшна трагедија“, повикувајќи ја меѓународната заедница да продолжи со притисокот врз Русија.

Украинската војска на Телеграм објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 37 од 76 беспилотни летала што Русија ги лансираше минатата ноќ над десет региони на Украина.

Руските власти се уште не го коментирале нападот.

TRT Balkan / агенции
Популарни