Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа околу Хаптад Баба Ашрам во областа Доти    Фото: Ројтерс

Најмалку шест лица загинаа, а многу други се повредени кога земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди хималајската држава Непал, соопштија властите во средата.

Според полициски службеници, квартот Доти во западен Непал претрпел голема штета.

Непалскиот Национален центар за следење и истражување на земјотресите соопшти дека земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа околу Хаптад Баба Ашрам во областа Доти во 2.12 часот по локално време.

Портпаролот на полицијата во Непал, Тек Прасад Раи, потврди дека шест лица загинале и рече дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.

„Има неколку повредени. Оштетени се и куќите“, рече тој. „Во реонот се одвива спасувачка операција.

Моника Џа, висок функционер во Националниот центар за мониторинг и истражување на земјотресите во Непал, рече дека имало и претходен и последователен потрес.

„Ние сме во состојба на висока готовност, бидејќи има огромен сеизмички јаз во западниот дел на Непал“.

По земјотресот, силни потреси беа почувствувани во делови од северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.

Непалскиот премиер Шер Бахадур Деуба на Твитер напиша дека „им наложил на релевантните агенции да организираат итен и соодветен третман на повредените и жртвите за помош и спасување во погодените области“.

TRT Balkan / агенции
Популарни