НАТО: Сојузниците ѝ доставија на Украина 98 отсто од ветените воени возила

НАТО: Сојузниците ѝ доставија на Украина 98 отсто од ветените воени возила

Столтенберг рече дека досега на Украина ѝ се доставени „над 1.550 оклопни возила, 230 тенка и придружна опрема“
НАТО: Сојузниците ѝ доставија на Украина 98 отсто од ветените воени возила / Photo: AA

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес објави дека сојузниците ѝ испорачале 98 отсто од ветените воени возила на Украина за борба во војната предизвикана од Русија.

На заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург, Кавиер Бетел, по нивната средба, Столтенберг рече дека „над 1.550 оклопни возила, 230 тенка и придружна опрема“ ѝ се доставени на Украина.

Тоа претставува 98 отсто од борбените возила ветени на земјата, рече Столтенберг.

Тој, исто така, додаде дека НАТО обучил вкупно девет нови украински оклопни бригади.

Трупите се „добро обучени, добро опремени и добро екипирани“ што „ќе ја стави Украина во силна позиција за да продолжи со заземањето на окупираната територија“, рече Столтенберг.

Нагласи дека најдобриот начин да се постигне мирно преговарачко решение за војната „во кое Украина е претставена како суверена, независна држава“ е да се обезбеди воена помош.

И Столтенберг и Бетел го поздравија вчерашниот телефонски разговор меѓу украинскиот претседател Владимир Зеленски и кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

Бетел, од своја страна, истакна дека Кина треба да игра улога на посредник само ако „признае дека постои земја што трпи агресија и дека постои агресор“ во конфликтот.

Тој праша како тоа кога разговара за мировните планови, кинеската дипломатија не успева да ја именува Русија како агресор.

TRT Balkan / агенции
Популарни