Се трага по исчезнатите/ Фото: AA

Најмалку 65 лица се водат за исчезнати откако денес во Непал свлечиште однесе два патнички автобуса.

Несреќата се случила во подрачјето на Читван, околу 86 километри западно од главниот град Катманду, каде што лизгањето на земјиштето ги однело автобусите во реката Тришули.

Индрадев Јадав, главен офицер за областа Читван, рече дека несреќата се случила околу 3:30 часот по локално време, објави дневниот весник Катманду пост.

Еден од автобусите со 41 патник патувал од Катманду до Гаур, а другиот автобус со 24 патници бил на пат од Биргуњ кон Катманду.

Тројца од патниците во автобусот што патувал за Гаур успеале да излезат скокајќи од него.

Читван е една од 77 области на Непал во југозападниот дел на провинцијата Багмати.

AA
Популарни