Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го претстави писмениот план чија цел е демилитаризација и обнова на Газа како последица на тековниот крвав конфликт во кој загинаа речиси 30.000 Палестинци, а над 70.000 беа ранети.
Таканаречениот план „Денот по Хамас“ на Нетанјаху беше претставен пред неговиот политички и безбедносен кабинет во ноќта кон четвртокот, како што објавија израелските медиуми.
Планот вклучува разбивање на групите Хамас и Исламски џихад, како и инсталирање на нова локална администрација управувана од локалното население „кои не се поврзани со земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот.
Во срцето на предлогот лежи клучната стратегија: формирање на цивилен ентитет задолжен да ја надгледува демилитаризацијата на опколената Газа и истовремено да ја штити оперативната автономија на израелската армија во блокираната енклава.
Ова е прва прилика кога Нетанјаху формално ги артикулира своите стратегии за последиците од конфликтот во Газа во писмена форма.
Одржување на оперативната слобода
Според Ерусалем Пост, предлогот на Нетанјаху ја нагласува критичната важност на демилитаризацијата како предуслов за започнување на какви било напори за реконструкција.
Овој стратешки пристап, според Аксиос, ја нагласува непоколебливата посветеност на Израел за одржување на оперативната слобода во опколената Газа, за да се спречи повторното обновување на „тероризмот“ и да се обезбеди безбедност на нејзините граници.
Клучните елементи на овој план вклучуваат воспоставување безбедносна зона долж оградата на Газа со Израел и имплементација на робусни механизми за следење за да се одржи контролата врз регионот.
Централно место во визијата на Нетанјаху, како што е детално опишано од Израел Нешнл Њус е целосната демилитаризација на Газа, при што Израел ја презема одговорноста за надгледување на овој процес за да гарантира усогласеност.
Понатаму, нагласени се плановите за иницијативи за „дерадикализација“ во верските, образовните и социјални институции на блокираната енклава, со цел да се спротивстави на она што Нетанјаху го нарекува „екстремистички“ влијанија на територијата.
Напори за реконструкција
Предлогот на Нетанјаху се протега и на напорите за реконструкција.
Како што објави Ерусалим пост, планот предвидува вклучување на локални цивилни тела во администрацијата на јавните служби во опколената Газа, додека меѓународните агенции за помош треба да ги водат напорите за реконструкција.
Според Аксиос, Нетанјаху се залага за затворање на УНРВА, наведувајќи ги наводите за вмешаност во „насилни“ активности. Овој потег ја нагласува решеноста на Израел да обезбеди напорите за помош да се усогласат со неговите безбедносни интереси.
Иако планот на Нетанјаху нуди сеопфатна рамка за повоена Газа, неговиот успех на крајот може да зависи од пошироките геополитички фактори. Меѓународната поддршка за реконструкција останува неизвесна, а прашањата и понатаму се во врска со улогата на палестинската управа во управувањето.
Додека Израел се движи низ комплексноста на повоеното закрепнување, предлогот на Нетанјаху претставува остроумен, пресметан потег за да се балансираат безбедносните императиви со поттик за обнова на уништената инфраструктура во Газа, истовремено обезбедувајќи - цело време - дека израелската армија ја одржува слободата на дејствување низ целата опколена Газа на неопределена основа.
Колку од оваа визија се претвора во опиплив напредок останува да се види, но засега, таа го нуди првиот увид во стратешките приоритети на Нетанјаху во пресрет на една од најбруталните војни во живата меморија.
Израел веќе беше обвинет за геноцид, бидејќи Јужна Африка го поднесе случајот до Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг, и ако овој план биде одобрен без меѓународна интервенција, слободата на израелските војници да дејствуваат во Газа ќе ги влоши палестинските страдања , бидејќи никаков закон нема да се спроведува доколку убиваат луѓе, па дури и влегуваат во домовите на цивилите без официјални одобренија од засегнатите власти.
Во јануари, Меѓународниот суд на правдата донесе привремена одлука со која му наредува на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе чекори за да се осигура дека цивилите во Газа добиваат хуманитарна помош.