Познатиот американски интелектуалец Ноам Чомски е отпуштен од болницата во Саун Пауло, Бразил, каде што извесно време се лекуваше.
Болницата „Бенефиценсија Португеза“ во Саун Пауло објави дека Чомски е отпуштен и дека неговото лекување ќе продолжи дома.
95-годишниот светски познатиот лингвист и дисидент од минатата година има проблеми со говорот и тешкотии при движење на десната страна од телото.
Чомски, кој се смета за татко на модерната лингвистика, е автор на повеќе од 100 книги за конфликтите на Блискиот Исток и за геополитички прашања.
TRT Balkan / агенции