Норвежаните почнуваат попаметно да трошат енергија за да се обидат за заштедат пари поради енергетската криза во земјата.     Фото: АА

Норвежаните почнуваат попаметно да трошат енергија за да се обидат за заштедат пари поради енергетската криза во земјата, објавија локалните медиуми.

„Енергетските компании објавија дека потрошувачките користат струја во деновите кога е поевтина и избегнуваат потрошувачка кога е поскапа“, објави дневниот весник „Bergenavisen".

Копанијата за електрична енергија BKK Nett ја базираше својата анализа на податоци собрани од околу 44.000 потрошувачо во градот Берген и откри промени во начинот на кој тие ја користат струјата.

Во извештајот објавен во „Bergenavisen" се наведува дека и покрај овие примени компанијата соопштила дека факторите како што се времето и температурата може придонеле кон создавање нови навики.

Цените на струјата варираат во текот на денот, а обично се повисоки наутро и навечер.

Нордиската земја доживеа раст на цените на гасот и струјата, а цените се проценуваат на 20 норвешки круни (1,86 долари) по киловат час (kWh) на југот на земјата.

Норвешка вложува 41 милијарди круни (4 милијарди долари) во субвенции за да им помогне на домаќинствата со сметките за струја.

Владата покрива 90 отсто сметки каде цената надминува 70 киловати по час, меѓутоа домаќинствата и понатаму се борат со високите цени.

Војната во Украина, високите цени на гасот, ниското ниво на полнењето резервоари, доведоа до пораст на цените на енергијата во Норвешка.

AA
Популарни