Земјотресот се случил во 5:53 часот по локално време.

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужната турска област Кахраманмараш.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот ја погодил областа Оникишубат и бил на длабочина од 6,5 километри.

Земјотресот се случил во 5:53 часот по локално време.

Земјотресот се случи во моменти кога Туркије се справува со последиците од разорните земјотреси од 6 февруари во јужниот регион на земјата, кои однесоа најмалку 45.089 животи.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмараш, погодија околу 13,5 милиони луѓе во 10 други области - Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

AA
Популарни