Уште пет брода ги напуштија украинските пристаништа во рамките на Истанбулскиот договор за извоз на жито од Украина, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.
Во соопштението на Министерството, кое не ја откри точката од каде испловиле бродовите, се вели дека испораките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат поради почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораката.
Откако првиот брод, според договорот, ја напушти Украина на 1 август, досега испловија над 60 брода со над 1 милион тони земјоделски производи.