Голем број граѓани ја одбележаа 25-годишнината од смртта на принцезата Дијана во Париз, положувајќи цвеќе и оставајќи пораки на мостот над подвозникот каде таа загина во сообраќајна несреќа.     Фото: Ројтерс

Голем број граѓани ја одбележаа 25-годишнината од смртта на принцезата Дијана во Париз, положувајќи цвеќе и оставајќи пораки на мостот над подвозникот каде таа загина во сообраќајна несреќа.

Во средата, цветовите и сликите на Дијана го украсија пламенот на слободата покриен со златни листови, реплика на факелот на Статуата на слободата на северниот крај на Понт де Л'Алма, кој стана нејзин неофицијален споменик во француската престолнина.

Принцезата имаше само 36 години кога лимузината во која се наоѓаше со Доди ал Фајед имаше сообраќајна несреќа во тунелот под мостот во обид да им побегнат на фотографите кои ја бркаа со мотори.

„Веќе поминаа 25 години“, гласеше една од картичките оставени на споменикот, каде што голем број од локални жители и туристи - опкружени со медиумските екипи дојдоа да оддадат почит, да остават цвеќиња и да се фотографираат.

„Народна принцеза“

„Засекогаш во нашите срца“, пишуваше на друга слика на Дијана оставена од Моник од Луксембург.

Милиони глобално ја оплакуваа „народната принцеза“, како што тогашниот британски премиер Тони Блер ја опиша Дијана, во 1997 година.

Таа беше една од најпрепознатливите и најфотографираните жени во светот и висок поддржувач на хуманитарни цели - вклучително и детски добротворни организации и чистење на мини.

Смртта на мајката на принцовите Вилијам и Хари ја втурна монархијата во криза.

Нејзината смрт дојде по распадот на нејзиниот брак со престолонаследникот принцот Чарлс откако беа обелоденети информациите за расправии и прељуба.

Постојаната фасцинација со животот на Дијана беше илустрирана во саботата кога црн Форд Ескорд што таа го возеше во 1980-тите беше продаден на аукција во Британија за 844.000 долари.

Reuters
Популарни