Шефот за помош на ОН предупреди дека можно е зголемување на кризата со храна во Судан поради тековната војна во земјата.
„Речиси 5 милиони луѓе во Судан се соочуваат со вонредни нивоа на глад, а како што конфликтот продолжува, работите само ќе се влошуваат“, рече Мартин Грифитс на X.
Грифитс додаде дека одвоил 15 милиони долари од Централниот фонд на ОН за одговор при вакви итни случаи за полесно да се справи со оваа кризна состојба.
Судан е заглавен од борбите меѓу армијата, предводена од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, кој е шеф на владејачкиот Суверен совет, и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).
Според податоците на ОН, во конфликтот што започна во април 2023 година, загинаа најмалку 12.260 луѓе, а повеќе од 33.000 се повредени.
Хуманитарната криза продолжува да се влошува бидејќи скоро 6,8 милиони луѓе ги напуштија своите домови барајќи безбедност во Судан или во соседните земји.
Неколкуте договори за прекин на огнот со посредство на Саудиска Арабија и американските посредници не успеаја да стават крај на насилството.