Материјалните услови во Сирија остануваат тешки, мора да се достави повеќе хуманитарна помош / Photo: AP

Обединетите нации (ОН) денес соопштија дека бројот на бегалци кои се вратиле во Сирија од соседните земји за три недели по падот на режимот на Асад надминал 50.000, пренесува Анадолу.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Филипо Гранди, на социјалната мрежа X сподели дека бројот на сириски бегалци кои се враќаат во своите домови „постепено се зголемува“.

„Материјалните услови во Сирија остануваат тешки, мора да се достави повеќе хуманитарна помош и помош за оние кои се враќаат, како и на сите оние на кои им е потребна“, рече Гранди.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, кој беше на власт од 1963 година.

Преземањето се случи откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) ги освоија клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели.

AA
Популарни