193-членото Генерално собрание со консензус ја усвои резолуцијата подготвена од Мароко.

Генералното собрание на ОН во вторникот усвои резолуција со која се осудуваат сите акти на насилство врз светите книги како кршење на меѓународното право.

Тоа доаѓа по повеќекратното палење и сквернавење на примероците на светата книга на исламот- Куранот во европските земји, вклучително и неодамнешното одобрување на полицијата за палење на Куранот пред џамија во Шведска, што предизвика меѓународен гнев.

Муслиманските лидери и политичари истакнаа дека ваквото сквернавење и провокации не се опфатени со законите за слобода на изразување.

193-членото Генерално собрание со консензус ја усвои резолуцијата подготвена од Мароко.

Резолуцијата силно ги осудува „сите акти на насилство врз лица врз основа на нивната религија или убедување, како и сите такви акти насочени против нивните верски симболи, свети книги, домови, деловни објекти, имоти, училишта, културни центри ил места за богослужба, како и сите напади на и во религиозни места и светилишта што го прекршуваат меѓународното право“.

На 12 јули, Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева, исто така, ги осуди неодамнешните напади врз Куранот и покрај гласовите од западните земји против резолуцијата.

Резолуцијата повика на осуда на нападите насочени кон Куранот и ги опиша како „акти на верска омраза“.

Претходно, екстремно десничарски екстремистички групи запалија копии од Куранот пред амбасадите на Египет и Туркије во Копенхаген. Данска и Шведска соопштија дека го осудуваат палењето на Куранот, но не можат да го спречат тоа според правилата за заштита на слободата на говорот.

Минатата недела шведската амбасада во Багдад беше запалена за време на протестите во Ирак.

Протестите на крајно десничарската екстремистичка група наречена „Дански патриоти“ во вторникот во Копенхаген следеа по палењето на Куранот од страна на групата во понеделникот и минатата недела пред ирачката амбасада.

TRT Balkan / агенции
Популарни