Се трага по останатите исчезнати / Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Пет од седумте исчезнати лица, по масовните поплави од уништувањето на браната Каховка, се пронајдени мртви, објави градоначалникот на општина Нова Каховка.

„Денес е утврдено дека од седумте луѓе кои паселе стока, петмина се удавиле. Активно сме ангажирани за евакуирање на преостанатите двајца“, изјави градоначалникот Владимир Леонтиев за руските медиуми.

Леонтиев посочи дека службите за справување со кризи започнале со испумпување на водата, по што ќе започне процесот на обнова.

Тој ја обвини Украина за подготовка на саботажата и смета дека повеќе ракети ХИМАРС од американско производство ја погодиле браната.

„Прелетите со дронови беа спроведени, тие совршено добро знаеја каде ќе погоди секоја ХИМАРС ракети, ја знаеја состојбата на хидроелектричната централа и финалниот удар го спроведоа во ранливите зони“, додаде Леонтиев.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за оштетувањето на Каховка браната кое доведе до поплавување на околните населени места.

Москва го обвини Киев за обид да се отсече Крим од достава на свежа вода која ја добива од резервоарот во Каховка, формиран од самата брана, додека пак украинската страна тврди дека Русија се обидува да ја успори очекуваната контраофанзива.

AA
Популарни