Гутереш повика на јавни и приватни инвестиции, а пред се на мир     Фото: AP

77 заседание на Генералното собрание се одржува во сенка на најголемиот воен конфликт во Европа по Втората светска војна и други предизвици како климатските промени и пандемијата со Ковид-19.

Справувањето со конфликтите и климатските катастрофи, се поголемата сиромаштија и нееднаквост како и поделбите меѓу големите сили треба да бидат приоритет, според претседателот на Генералното Собрание на Обединетите Нации Антонио Гутереш.

Во говорот пред почетокот на најновото заседание Гутереш предупреди дека светот се наоѓа во голема опасност и истакна дека мора да се спаси и планетата која буквално гори и да се изнајде начин за справување со постојаната пандемија на Ковид-19.

Гутереш исто таа се осврна на недостатокот на финансии за закрепнување на земјите во развој, криза која не е видена со генерации и која придонесува да се изгуби секоја основа за образование, здравство, права на жените.

Гутереш ќе говори на денешното заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации кое е прво со физичко присуство во последните три години. Исклучок ќе биде направен за украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Портпаролот Стефан Дујарик рече дека тоа ќе биде суштински говор фокусиран на решенија со истакнување на опасноста која со себе ја носат геополитичките поделби.

Итни прашања

Генералното собрание на ОН ќе се одржи во сенка на најголемиот воен конфликт во Европа по Втората светска војна меѓу Русија и Украина. Тоа предизвика глобална криза за храна и јаз меѓу големите сили кој не е забележан уште од времето на Студената војна

На листата на говорници за заседанието се 150 говорници. Меѓу нив е и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој е во Њујорк и ќе присуствува на заседанието.

Претседателот на Генералното собрание на ОН Гутереш на вчерашниот состанок говореше за целите на ОН за 2030 година меѓу кои и намалување на сиромаштијата, квалитетно образование за сите деца и родова еднаквост. Тој истакна дека овие цели треба да бидат на листата на долгорочни развојни приоритети. Гутереш повика на јавни и приватни финансии и инвестиции, а пред се на мир.

Физичко присуство

Заседанието на Генералното собрание во 2020 година беше целосно он лајн поради пандемијата, а хибридно во 2021 година. Оваа година се враќа физичкото присуство со исклучок на украинскиот претседател Зеленски.

Традиционално претставникот на Бразил ќе се обрати прв. Американскиот претседател кој ја претставува земјата домаќин вообичаено е вториот говорник. Но бидејќи претседателот на САД Џо Бајден е во Велика Британија поради погребот на кралицата Елизабета Втора, тој ќе говори утре изутрина. Од тие причини втор говорник ќе биде претседателот на Сенегал Меки Сал.




TRT World
Популарни