Осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА ќе започнат во вторник во Копенхаген каде истоимената екипа го пречекува Манчестер Сити, а Ред Бул во Лајпциг е домаќин на Реал Мадрид.
Бранителот на титулата Манчестер Сити ќе го продолќи патот кон одбраната на трофејот на стадионот Паркен во данската престолнина.
Копенхаген ја заврши групата А на второто место со освоени осум бода пред Манчестер Јунајтед и Галатасарај, за да резервира билет за нокаут фазата заедно со првопласираниот Баерн Минхен.
Манчестер Сити беше неприкосновен во групата Г, со што стана осмата екипа во историјата на ЛШ која освоила најмногу бодови од групната фаза победувајќи на сите шест натпревари.
Ова е 11-та сезона по ред тимот на Пеп Гвардиола да се пласира во осминафиналето на елитното натпреварување.
Во вториот вечерашен натпревар РБ Лајпциг има тешка задача против фаворитот Реал, кој исто како Сити групата Ц ја заврши со сите шест победи. Лајпциг, пак, беше во групата Г, веднаш зад Сити со четири победи и два порази.
Германскиот тим во зимскиот преоден рок се засили со Елиф Елмас, како и со Цингерле и Битшиабу, а македонскиот репрезентативец, иако играше за Наполи во натпреварите по групи, има право на настап.
„Биковите“ катастрофално ја започнаа календарската година, забележаа три последователни порази, потоа славеа против Унион Берлин и одиграа нерешено против Аугсбург.
За Реал нема да настапат Џад Белингем, Едер Милитао и Давид Алаба, апод знак прашалник се Антонио Рудигер и Начо Фернандез.
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 13 и14, како и 20 и 21 февруари, а реваншите се закажани за 5 и6 односно 12 и 13 март.
Финалето ќе се одржи на 1 јуни на стадионот Вембли во Лондон.
Распоред на термини за натпреварите од осминафиналето
13 февруари:
Лајпциг - Реал Мадрид
Копенхаген - Манчестер Сити
14 февруари:
Лацио - Баерн Минхен
ПСЖ - Реал Сосиедад
20 февруари:
Интер- Атлетико Мадрид
ПСВ- Борусија Дортмунд
21 февруари:
Порто- Арсенал
Наполи-Барселона