Протестите траат со месеци, но започнаа со поголема брзина откако повеќе од 100 пропалестински демонстранти кои кампуваа во Колумбија беа уапсени во четвртокот

Повеќе лица се уапсени за време на пропалестинските протести на Универзитетот „Јужна Калифорнија“ во Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

Полицајците интервенираа за време на студентските протести против израелските напади врз Газа.

Протестите траат со месеци, но започнаа со поголема брзина откако повеќе од 100 пропалестински демонстранти кои кампуваа во Колумбија беа уапсени во четвртокот

Од Универзитетот Колумбија до Јеил, од Универзитетот во Њујорк до Харвард, демонстрантите бараат нивните универзитети да ги поддржат повиците за прекин на огнот во Газа и да ги прекинат врските со компаниите поврзани со Израел.

Израел, обвинет за геноцид, започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската војска врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се искачи на 34.262. Војната во Израел принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според Обединетите нации. Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни