Полска гради ветероелектрана во Балтичкото Море, вредна 4,73 милијарди евра / Photo: AA

Со цел да се забрза енергетската трансформација, полската државна енергетска компанија Орлен најави дека до 2026 година во Балтичкото Море ќе изгради ветероелектрана со капацитет од 1,2 гигавати, вредна 4,73 милијарди евра.

Во соопштението на компанијата се наведува дека Надзорниот одбор вчера го одобрил проектот наречен „Балтичка сила“.

Според официјалните лица, градежните работи на ветероелектраната во Балтичкото Море ќе започнат оваа година, а централата ќе биде пуштена во употреба во 2026 година.

„Орлен радикално ќе ги прошири своите активности во областа на обновливата енергија за да достигне девет гигавати инсталиран капацитет до 2030 година“, изјави Даниел Обајтек, извршен директор на групата Орлен.

Проектот има за цел да ги задоволи потребите за електрична енергија на повеќе од 1,5 милиони домаќинства.

TRT Balkan / агенции
Популарни