Владата на автономната заедница Валенсија побара помош од 31,4 милијарди евра за штети само за нејзиниот регион / Photo: Reuters

Разорните поплави во Шпанија, особено во провинцијата Валенсија, го чинат финансискиот сектор на земјата над 20 милијарди долари, објави Банката на Шпанија.

Источните и јужните региони на Шпанија беа погодени од поплави на 29 октомври, а штетата предизвикана кон финансискиот сектор се проценува на околу 20,5 милијарди евра, додека околу 561.210 лица беа директно погодени од поплавите.

Гувернерот на Банката на Шпанија, Хозе Луис Ескрива, рече дека вкупните штети од катастрофата за финансискиот сектор се еквивалентни на 1,8 отсто од вкупниот обем на заеми на шпанските банки.

Ескрива рече дека од 20,5 милијарди евра, 13,4 милијарди се однесуваат на домовите, а 7 милијарди евра за бизнисите.

Процесот на обнова на банкнотите натопени или оштетени од поплавите продолжува, а првиот депозит е околу 22.700 банкноти во вредност од 720.000 евра.

Тој напомена дека 9 отсто од банкоматите во поплавените подрачја се надвор од употреба, а 37 од 298 оштетени банки се сè уште затворени, иако користењето на кредитни картички постепено се враќа во нормала по хаосот со подигнувањето готовина на почетокот на поплавите.

Банката истакна дека поплавите веројатно ќе резултираат со пад од 0,2 процентни поени на бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија во четвртиот квартал од годината.

Владата на автономната заедница Валенсија побара помош од 31,4 милијарди евра за штети само за нејзиниот регион, додека шпанската централна влада одлучи да обезбеди 13,2 милијарди евра помош во два пакети досега.

Бројот на загинати во поплавите достигна 226 од 29 октомври, додека 13 лица се уште се водат за исчезнати.

AA
Популарни