Бирото за медицински прегледи повика да се користи клима уред / Photo: AFP

Како последица на екстремните горештини во Токио, главниот град на Јапонија, загинаа 248 лица.

Бирото за медицински прегледи на префектурата во Токио ги ажурираше податоците за смртните случаи предизвикани од екстремна топлина.

Констатирано е дека во тримесечниот период, од јуни до август, бројот на починати од високите температури во главниот град се искачи на 248.

Утврдено е дека починатите се на возраст од 40 до 90 години, а во куќите и работните места каде што престојувале немале клима или дека не биле активно користени.

„Оние кои починаа беа главно постари и живееја сами, што им отежна да ги забележат промените околу нив“, беше објавено.

Бирото за медицински прегледи повика да се користи клима уред.

„Смртта од топлотен удар може да се спречи. Затоа ве молиме користете климатизери во топлите денови“, се вели во него.


AA
Популарни