Толедо, кој беше претседател од 2001 до 2006 година, е осуден за корупција и перење пари / Фото: AA

Алехандро Толедо поранешниот претседател на Перу е осуден на 20 години и шест месеци затвор во случајот за корупција во кој е вклучена и бразилската компанија „Одебрехт“.

Седумдесет и осумгодишниот Толедо, кој беше претседател од 2001 до 2006 година, е осуден за корупција и перење пари, објавија локалните медиуми.

Во април 2023 година Толедо беше екстрадиран од САД поради обвиненијата за земање мито од бразилската градежна компанија „Одебрехт“, во замена за владиниот договор за изградба на Интерокеанскиот автопат што ги поврзува Перу и Бразил.

По пристигнувањето во Перу под полициска придружба, Толедо беше однесен во затворот „Барбадило“ во главниот град Лима.

Беше откриено дека бразилската фирма „Одебрехт“ од 2001 година им платила 800 милиони долари мито на шефови на држави, високи владини функционери и раководители од многу земји од Латинска Америка.

AA
Популарни