Во поплавите што се случија во Пакистан минатата година животот го загубија 1.739 лица, а од катастрофата беа погодени 33 милиони луѓе.     Фото: Ројтерс архива

Поројните дождови во Пакистан викендов предизвикаа поплави во кои животот го загубија 14 лица.

14 лица загинаа, од кои 9 туристи, во несреќите предизвикани од врнежите што започнаа пред 3 дена во различни делови на Пакистан.

Информирајќи дека возило со 9 туристи паднало во река во долината Нилум во пакистанската област Азад Кашмир, полицијата истакна дека по долги напори за потрага и спасување, туристите не можеле да бидат пронајдени и дека ги изгубиле надежите за нивно пронаоѓање.

Во несреќните настани предизвикани од поројните дождови, 4 лица загинаа во провинцијата Белуџистан на југозападот на земјата, а едно дете го загуби животот во Карачи, главниот град на провинцијата Синд.

Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, ги повика тимовите за помош при катастрофи и вработените во патишта да бидат внимателни поради можно лизгање на земјиштето.

Врнежите се очекува да продолжат во текот на целата недела во некои делови од земјата. Во поплавите што се случија во Пакистан минатата година животот го загубија 1.739 лица, а од катастрофата беа погодени 33 милиони луѓе.

AA
Популарни