Цените на билетите за музеите, библиотеките и зоолошките градини во Европската унија во 2022 година се зголемиле за четири отсто споредено со 2021 година. Ако се споредат цените на овие услуги со 2020 година тогаш зголемувањето за две години изнесува седум отсто. Ова како што објави Евростат е утврдено со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени.
Најниски цени за време на пандемијата
Во 2020 година за време на пандемијата со коронавирусот цените на овие услуги биле на најниско ниво во последните пет години. Потоа како што објавува Евростат индексот на цените за музеите, библиотеките и зоолошките градини порасна во ЕУ помалку за разлика од општата инфлација.
Најголемо поскапување во Полска, најмало во Грција
Во 2022 година, меѓу земјите на ЕУ, најголеми зголемувања на цените за музеите, библиотеките и зоолошките градини се забележани во Полска 18 отсто, Ирска 15 отсто и Литванија 14 отсто.
Малта беше единствената земја од ЕУ што забележа намалување на цените на музеите, библиотеките и зоолошките градини од три отсто во споредба со 2021 година. Во меѓувреме во Луксембург се задржаа истите цени додека во Холандија, Грција и Португалија имаше мал пораст од еден отсто.