Министерот за внатрешни работи на Владата на истокот на Либија, Исам Абу Зерибе, изјави дека се пронајдени телата на повеќе од 2.000 лица што ги загубиле животите поради обилните врнежи од дожд во градот Дерна, а бројот на исчезнати лица достигнал 7.000.
Абу Зерибе го изјави ова за телевизијата Ал Хадат.
Неименуван претставник на Претставничкиот дом на Тобрук за Анадолу изјави дека само во градот Дерна животот го загубиле повеќе од 2.000 луѓе.
Премиерот на Владата на национално единство во Либија, Абдулхамид Дибејбе, соопшти дека е прогласена тридневна жалост за загинатите во поплавите во земјата.
Бурата „Даниел“, која го погоди централниот дел на Медитеранот, ги зафати либиските градови Бенгази, Бејда, Мерк, Суса и Дерна.
Властите во Источна Либија поради бурата, која зад себе остави апокалиптички последици, презедоа низа мерки, меѓу кои и прекин на наставата во сите државни и приватни образовни институции, затворање на продавниците и полициски час.