Неколку експлозии се слушнале утринава во украинскиот главен град Киев, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко.
„Се слушнаа неколку експлозии во подрачјето на Соломјански и Шевченковски во главниот град“, соопшти Кличко преку Телеграм.
Тој истакна дека во нападите се оштетени критични инфраструктурни објекти во Киев.
„Инженерите за енергетика и топлинска енергија работат на брзо стабилизирање на ситуацијата со снабдувањето со енергија и греење“, рече тој.
Додаде дека сè уште нема информации за загинати или повредени, и дека медицинските лица се на терен.
Гувернерот на Киев, Олексиј Кулеба, исто така, преку Телеграм соопшти дека руските сили утринава врз Киев извршиле напади со дронови.
AA