Триесет отсто од самовработените во рамки на ЕУ работеле прекувремено. Во споредба со нив само четири отсто од оние кои се вработени кај работодавач работеле повеќе од предвиденото. / Photo: ТРТ Балкан

Само 7 отсто од вработените во Европската Унија (ЕУ) во 2022 година работеле прекувремено. Наместо вообичаените 40 часа неделно тие работеле 49 часа, покажуваат податоците кои ги објави Евростат.

Во прилог ТРТ Балкан ви дава преглед во кои земји прекувремената работа е почеста појава и во кои професии најчесто работниците работат повеќе од 40 часа неделно.

Најчести професии со прекувремена работа

Во земјите од ЕУ најчести случаи на прекувремено работење се оние кои се поврзани со работа во сопствени компании односно со самовработување. Триесет отсто од самовработените во рамки на ЕУ работеле прекувремено. Во споредба со нив само четири отсто од оние кои се вработени кај работодавач работеле повеќе од предвиденото.

Најчесто прекувремените работни часови се однесуваат на земјоделието, шумарството и рибарството односно 28 отсто од работниците во овие сектори работеле повеќе. Понатаму прекувремената работа е врзана за 24 отсто од менаџерите, а кај останатите занимања во ЕУ прекувремената работа е застапена со 8 отсто.

Кои држави отстапуваат од просекот?

Во ЕУ има држави кои го надминуваат европскиот просек за прекувремена работа од седум отсто, но има и такви каде процентот на вработени кои работат подолго е минимален. На врвот се Грција со 12,6 отсто, Франција со 10,2 отсто, Ирска со 9,1 отсто и Италија со 9,4 отсто. Во овие земји вработените кои работат прекувремено се над просекот на ЕУ.

Германија Финска со 6 отсто, Холандија со 5,8, Норвешка со 4,9 се под европскиот просек според бројот на вработени кои работат прекувремено.

Држави од ЕУ каде најмал процент на вработени работат прекувремено се Бугарија со 0,7 отсто прекувремена работа, Литванија со 0,8 отсто, Латвија 1,3, Естонија и Романија со 2,2 отсто како и Унгарија со 2,6 отсто од вработените кои работеле повеќе.

TRT Balkan / агенции
Популарни