Естонската премиерка Каја Калас поднесе оставка до претседателот Алар Карис за да ја презеде функција висок претставник на Европската комисија за надворешна политика и безбедност подоцна оваа година.
Се очекува Калас да го замени Жозеп Борел од Шпанија, кој ја извршуваше функцијата шеф за надворешна политика на ЕУ од 2019 година.
„Тоа беше време полно со кризи, пресвртници како коронавирусот, економската рецесија и војната во Европа, кога Русија ја уништи нашата претходна безбедносна слика со својата агресија во Украина“, рече Карис во изјавата.
Првата жена премиер на Естонија беше една од најгласните европски поддржувачи на Киев по руската војна против Украина во февруари 2022 година.
Таа ќе остане на чело на владата додека новата коалиција не положи заклетва.
Калас ја извршуваше улогата на премиер од 2021 година и предводеше три последователни влади.
Таа, исто така, ќе се повлече од функцијата претседател на Реформската партија подоцна ова лето. Минатиот месец владејачката партија на Естонија едногласно ја номинираше министерката за клима Кристен Михал да на местото на Калас за премиер на балтичката земја.
Претседателот Карис започна разговори со претставници од сите политички партии во Риигикогу естонскиот парламент, за да започне процесот на формирање на идната влада.
„На Естонија ѝ треба влада која управува и носи одлуки кои помагаат да се зајакне економијата, да се заштити нашата безбедност и со тоа да се обезбеди безбедноста и благосостојбата на естонскиот народ“, рече тој.