Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган на покана на украинскиот претседател Владимир Зеленски допатува во посета на Лавов.
Ердоган допатува на Меѓународниот аеродром во Полска, каде го пречекаа гувернерот Радослав Виатр и амбасадорот на Туркије во Варшава Џенгиз Ќамил Фират, од каде по копнен пат отпатува во Лавов.
Делегацијата на Ердоган ја сочинуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за земјоделство и шумарство Фахит Киришчи, министерот за трговија Мехмет Муш, челникот на Разузнавачката служба Хакан Фидан, шефот на Директоратот за комуникации Фахретин Алтун, гласноговорикот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин, шефот на Кабинетот за одбранбена индустрија Исмаил Демир, помошник претседателот и гласноговорникот на Партијата на правда и развој (АК Партија) Омер Челик и генералниот директор на „Бајкар“, Хулук Бајрактар.
Како што е најавено, претседателот Ердоган во палатата Поточки треба да се состане со украинскиот претседател Зеленски, после што ќе следува трилатералниот состанок со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
По средбата планирана е прес-конференција.