Тензиите меѓу Кремљ и Вагнер ескалираа откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите платеници. / Photo: Reuters

Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група Вагнер, рано во саботата изјави дека неговите сили во Украина се преселиле во рускиот град Ростов. Тензиите помеѓу Кремљ и Вагнер ескалираа откако Пригожин ги обвини руските сили за нападот врз неговите борци.

Во последните месеци, Пригожин постојано го обвинуваше руското Министерство за одбрана и министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека не испорачуваат доволно оружје на паравоената група. Рускиот претседател Владимир Путин денес го обвини шефот на Вагнер за „предавство“.

Министерството за одбрана наведе дека шефот на Вагнер Евгениј Пригожин ги измамил борците во „злосторничката авантура“ и „оружен бунт“ додека Кремљ издаде наредба за негово апсење поради поттикнување бунт.

20:00 Прожигин нареди запирање на маршот на Москва

Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите борци биле на околу 200 километри од Москва кога решиле да се вратат назад за да избегнат крвопролевање.

Во изјавата на неговиот профил на Телеграм, Пригожин рече дека руските власти сакале да ја распуштат неговата група и дека поради тоа „тргнале на маршот на правдата“.

„Тргнавме на 23 јуни. За еден ден поминавме толку растојание што беше само 200 километри до Москва. За тоа време не пролеавме ниту една капка крв на нашите борци. Сега дојде моментот кога крвта може да да се пролее кај една од страните, затоа, сфаќајќи ја целата одговорност за тоа што руската крв ќе се пролее, ги вртиме колоните и се враќаме во полските логори според планот“, рече Пригожин во аудио пораката.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека разговарал со Пригожин цел ден, што доведе до тоа Пригожин да се согласи на деескалација.

„Утрово рускиот претседател Владимир Путин го информираше својот белоруски колега за ситуацијата во јужна Русија со приватната воена компанија Вагнер. Шефовите на држави се договорија за заеднички акции. Како продолжение на договорот, претседателот на Белорусија по дополнително разјаснување на ситуацијата преку свои канали, во координација со претседателот на Русија, разговараше со лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин“, соопшти прес-службата на Лукашенко.

Како резултат на тоа, страните постигнаа „договор за недозволивост за покренување крвав масакр на територијата на Русија“.

„Евгениј Пригожин го прифати предлогот на белорускиот претседател Александар Лукашенко за запирање на движењето на вооружените членови на Вагнер на територијата на Русија и дополнителни чекори за деескалација на тензиите“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека „на маса е апсолутно поволно и прифатливо решение за ситуацијата, со безбедносни гаранции за борците Вагнер“.

18:40 Фидан разговараше со Блинкен за актуелната ситуација во Русија

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека Фидан со американскиот колега меѓу другото разговарал и за актуелните случувања во Русија. Освен за Русија, Фидан и Блинкен разговараше и за други регионални теми.

16:10 Ердоган телефонски разговараше со Путин Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Туркије е спремна да го направи својот дел за да ситуацијата во Русија што поскоро се реши по мирен пат.

15:50 Блинкен со минисрите на земјите на Г7 и Борел разговараше за развојот на ситуацијата во Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше за развојот на ситуацијата во Русија со министрите за надворешни работи на земјите од Г7 и со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Блинкен се огласи преку својот профил на социјалните мрежи и изјави дека САД ќе бидат во „тесна координација со своите сојузници и партнери“ во контекст на настаните во Русија.

15:30 Путин потпиша нов закон

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој дозволува 30-дневен притвор за лицата кои ја кршат вонредната состојба.

15:08 Кадиров: Го поддржувам секој збор на Путин, мораме да го сочуваме единството

Претседателот на Чеченија во состав на Русија, Рамазан Кадиров, го поддржа рускиот претседател Владимир Путин обвинувајќи ја групата Вагнер за предавство по повод обидот за бунт против руската администрација.

Во изјава на својот Телеграм профил, Кадиров ги опиша настаните како „забивање нож во грб (на Русија)“ и „вистински воен бунт“, повторувајќи го она што утрово го изјави и самиот Путин.

Наведувајќи дека имаат врховен командант избран од народот, Кадиров рече: „Путин во своето обраќање на нацијата го оцени како „воен бунт“. Во потполност го поддржувам секој збор на Путин.“

Кадиров рече дека основачот на Вагнер е „предавник“.

13:40 Британскиот премиер Сунак ги повика Русија и Вагнер да ги заштитат животите на цивилите

Британскиот премиер Риши Сунак ја повика паравоената група Вагнер и руските сили да дејствуваат одговорно и да ги заштитат животите на цивилите додека ескалираат тензиите меѓу поранешните партнери.

Зборувајќи за Би-Би-Си, Сунак рече дека ќе биде во контакт со лидерите на сојузничките земји, а секако и со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Внимателно ја следиме ситуацијата, бидејќи таа се развива на терен додека зборуваме“, додаде Сунак.

13:15 Билбордите на Вагнеровата паравоена група се симнуваат во Москва

Во руската престолнина Москва се симнуваат билбордите на паравоената група Вагнер, јавуваат медиумите. На социјалните мрежи се појавија видеа од градските работници како ги симнуваат билбордите кои го промовираат Вагнер.

12:55 Бунтот на Вагнер е внатрешна работа на Русија

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел изјави дека внимателно ги следи настаните кои започнаа со бунтот на групата Вагнер против руската администрација и изјави дека тоа е внатрешно прашање на Русија.

Изјавувајќи дека е во контакт со европските лидери и партнерите од Г7, Мишел рече: „Ова очигледно е внатрешно прашање за Русија“.

„Нашата поддршка за Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски е непоколеблива“, рече Мишел.

12:40 Пригожин: Путин греши за прашањето на „предавство“, ние сме патриоти

Евгениј Пригожин, основачот на Вагнер, кој започна бунт против руската администрација, рече дека ниту еден борец на Вагнер нема намера да се чувствува виновен или да се предаде на барање на рускиот претседател Владимир Путин.

Преку својот профил на Телеграм, Пригожин ги коментираше изјавите на Путин, кој групата Вагнер ја нарече „предавничка“. Пригожин рече дека Путин целосно греши кога станува збор за „предавство“.

„Ние сме патриоти. Се боревме и се бориме. Ниту еден борец на Вагнер не се смета за виновен или нема намера да се предаде на барање на шефот на државата или на ФСБ“, рече Пригожин.

11.45 Веллика Британија бунтот на Вагнер го опиша како „најсериозен предизвик

Британското Министерство за одбрана, во врска со бунтот на Вагнер групата против руската администрација во Русија, рече дека ова е најсериозниот предизвик со кој се соочува Русија во последно време.

„Она што се случи го претставува најсериозниот предизвик со кој се соочи руската држава во последно време“, велат тие.

Министерството соопшти дека војската и групата Вагнер се соочиле лице в лице во Русија. Наведено е дека единиците поврзани со таа група влегле во Русија од Украина од две точки.

„Групата Вагнер се пресели на север низ регионот Воронеж со цел да ја освои Москва. Иако има ограничени докази за конфликт меѓу руските сили и Вагнер, некои веројатно зазедоа пасивен став и не се спротивставија на Вагнер“, соопшти британското Министерство.

Тие посочија дека односот на воените сили, особено на Националната гарда ќе го одреди текот на кризата во наредните часови.

„Она што се случи претставува најсериозниот предизвик со кој се соочува руската држава во последно време“, соопшти Министерството.

11:30 Подољак: Во Русија сѐ допрва почнува

Помошникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Михајло Подољак, на социјалните мрежи објави дека „во Русија сѐ допрва почнува“.

10:25 Вагнер тврди дека ја преезеде контролата врз остов и дека се движи кон Москва

Паравоената група Вагнер ја презеде контролата врз штабот на јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон, изјави водачот на групата, Евгениј Пригожин.

„Стигнавме тука, сакаме да го примиме началникот на генералштабот и (рускиот министер са одбрана) и Шојглу. Ако не дојдат, ние ќе бидеме тука, ќе го блокираме градот Ростов и ќе тргнеме код Москва“, рече Пригожин во видео-снимката која ја објави про Вагнер каналот на Телеграм.

Тврдејќи дека началникот на Генералштабот избегал од штабот, рече дека се е под контрола и дека штабот функционира.

Во видеото, борците на Вагнер поставуваат тешко оружје на вратите и прозорците на зградата. Се гледаат како се обидуваат да ги контролираат критичните точки на улиците на Ростов на Дон.

Василиј Голубев, гувернерот на Ростовската област, рече дека одлучиле да ги откажат сите масовни настани планирани за викендот во регионот.

Голубев рече и дека се воведени привремени ограничувања на сообраќајот на рутата од Ростов до Таганрог и на север.

9:50 Путин: „Оружениот бунт“ на Вагнер е „нож во грб“ на рускиот народ

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата го обвини шефот на Вагнер за „предавство“.

Во обраќањето до нацијата, тој рече дека руските вооружени сили добиле наредба „да ги неутрализираат оние што го организираа вооружениот бунт“.

„Нема да дозволиме граѓанската војна да се повтори и ќе ги заштитиме нашиот народ и државноста“, рече Путин, додавајќи дека „вооружениот бунт“ на Вагнер е „бод во грб“ на рускиот народ. 09: 40 Градоначалникот на Москва ги откажа сите јавни настани

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин ги откажа сите масовни настани во руската престолнина во саботата поради ескалација на тензиите со паравоената група Вагнер.

„Во Москва е воведен режим на антитерористичка операција. Во врска со тоа, претходно најавените масовни настани во градот се откажани“, рече Собјанин во изјава за Телеграм.

Претходно во саботата, Собјанин рече дека оклопните возила ќе возат низ улиците на Москва бидејќи мерките за безбедност се зајакнати.

09:25 Русија бара од борците на Вагнер да се вратат во базите

Во саботата Русија апелираше до борците на паравоената група Вагнер, барајќи од нив да се вратат во своите бази.

Министерството за одбрана обвини дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ги измамил борците во „криминална авантура“ и „вооружен бунт“, додека Кремљ издал наредба за негово апсење поради поттикнување бунт.

„Ве молиме бидете внимателни и контактирајте со претставниците на руското Министерство за одбрана или агенциите за спроведување на законот што е можно поскоро. Ние гарантираме безбедност на сите“, додале велат од руското Министерство за одбрана.

Во последниве месеци, Пригожин постојано ја обвинуваше Русија дека не испорачува доволно оружје на паравоената група.

9:10 Шефот на Вагнер тврди дека неговите сили преминале во Русија

Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група Вагнер, рано во саботата изјави дека неговите сили во Украина се преселиле во рускиот град Ростов.

Тој рече дека неговите единици ја преминале границата на сите места.

Пригожин се закани дека ќе го уништи секој што ќе застане на патот на групата.

Тензиите меѓу Кремљ и Вагнер ескалираа откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите платеници.

Руското Министерство за одбрана ги негираше тврдењата доцна во петокот.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги повика борците на Вагнер да го уапсат Пригожин. ФСБ во соопштението наведе дека дејствијата на Пригожин се „убод со нож во грб“.

Тој ги повика борците да не ги извршуваат „криминалните и предавничките“ наредби на Пригожин и да го приведат. Русија испрати оклопни возила во Москва за зајакнување на мерките за обезбедување.

Генералите го обвинија Пригожин за „обид за државен удар“ со главниот руски командант во Украина, Сергеј Суровикин, повикувајќи ги борците на Вагнер да го послушаат претседателот Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Мерско рече декаПутин во потполност е информиран за ситуацијата со Пригожин и дека се преземаат сите неопходни мерки.

Рускиот Национален комитет за борба против тероризмот отвори кривична постапка против Пригожин под обвинение за поттикнување вооружен бунт и побара тој „да со незаконските дејствија“.

Во меѓувреме, Рускиот Национален комитет за борба против тероризмот отвори кривична постапка против Пригожин под обвинение за поттикнување вооружен бунт и побара тој „да престане со незаконските дејствија“.

TRT Balkan / агенции
Популарни