Продолжуваат операциите за пребарување и спасување на уште девет лица / Photo: Reuters

По потонувањето на туристички брод вчера кај брегот на Црвеното Море во источен Египет, пронајдени се четири тела, а потрагата по девет исчезнати лица е во тек.

Не е познат индентитетот на загинатите.

Бродот Морска Приказна (Sea Story) го напуштил пристаништето Порто Галиб на 24 ноември и заминал на нуркачко патување, а требаше да се врати во марината во Хургада на 29 ноември. Но вчера околу 5:30 часот по локално време, член на екипажот испратил сигнал за помош од бродот, кој потоа исчезнал од радарот и контактот бил изгубен.

Локалниот гувернер Амр Ханефи потсети дека туристички брод потонал во понеделникот во близина на јужниот брег на градот Марса Алам.

Наведувајќи дека во операциите за пребарување и спасување што ги извршиле сите релевантни институции, особено поморските сили, биле пронајдени четири тела, Ханефи рече дека во денешните операции се спасени три лица.

Тој потврди дека досега се спасени 31 лице.

Ханефи рече дека продолжуваат операциите за пребарување и спасување на девет лица.

Според него, на бродот имало 44 лица, меѓу кои 31 турист од Германија, Велика Британија, САД, Полска, Белгија, Шведска, Кина, Словачка, Шпанија и Ирска.

На бродот имало и 13 Египќани, членови на екипажот.

Наведувајќи дека несреќата се случила на 46 наутички милји од Марс Алам, Ханефи сподели информација дека бродот под египетско знаме, долг 34 метри и широк 9,5 метри, бил на нуркачко патување.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

TRT Balkan / агенции
Популарни