Во Брисел во тек е вонреден самит на кој се собраа лидерите на Европската Унија / Photo: AA

Стотици земјоделци во четвртокот одржаа демонстрации пред зградата на Европскиот парламент во Брисел, главниот град на Белгија, барајќи подобри услови за работа и одржување стабилен приход.

Плоштадот пред Европскиот парламент, како и главните патишта во Брисел, според проценките на полицијата, биле блокирани со 1.300 трактори, а зградата на Европскиот парламент била гаѓана со јајца, камења и петарди.

Некои земјоделци запалија купишта гуми и транспаренти во близина на влезот на зградата на парламентот, изразувајќи незадоволство од состојбата во земјоделскиот сектор, по што интервенираше белгиската полиција со водени топови и солзавец.

Во Брисел во тек е вонреден самит на кој се собраа лидерите на Европската унија.

Во тек се преговори меѓу Владата и синдикатот на земјоделците во Белгија.

Во меѓувреме, земјоделците продолжуваат да протестираат со трактори во различни региони, особено во и околу главниот град Брисел.

Некои земјоделци запалија купишта гуми и транспаренти во близина на влезот на зградата на парламентот AA
AA
Популарни