Договорот ќе го отвори патот за увоз на земјоделски производи и месо во ЕУ од земјите на Јужна Америка / Photo: AFP

Со блокирање на главните патишта со трактори, земјоделците во Белгија протестираат против најавениот договор за слободна трговија меѓу Европската унија (ЕУ) и Заедничкиот пазар нa Јужноамериканските држави (МЕРКОСУР).

По повикот на синдикатот на земјоделците во белгискиот регион Валонија, стотици земјоделци почнаа да организираат протести.

Земјоделците со своите трактори блокираа некои главни патишта што ги поврзуваат Белгија со Франција и Холандија.

Белгиските земјоделци сакаат да го блокираат договорот за слободна трговија што ЕУ планира да го склучи со МЕРКОСУР, чии членки се Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, а кој вклучува слободна трговија со месни производи.

Преговорите за овој договор траат од 1999 година, а беше најавено дека актот би можел да биде потпишан до крајот на ноември пред истекот на мандатот на претходниот Европски Совет.

Договорот ќе го отвори патот за увоз на земјоделски производи и месо во ЕУ од земјите на МЕРКОСУР.

Европските фармери се против увозот на евтино месо од Латинска Америка и сметаат дека се жртви на „нелојална конкуренција“.

TRT Balkan / агенции
Популарни