Протести во Киев за поддршка на Залужњи / Фото: AA

Група на граѓани протестираат во центарот на Киев на Плоштадот на независноста изразувајќи незадоволство со одлуката на претседател Владимир Зеленски да го разреши шефот на главниот штаб на вооружените сили на Украина.

Со вчерашната одлука на местото на Залужњи е поставен генералот Олександер Сирски кој ќе ја преземе функцијата за водење на украинските вооружени сили во војната со Русија.

„Имав десетици разговори со команданти од различни нивоа. Конкретно, денеска разговарав со бригадните генерали Андриј Хнатов, Михаило Драпати, Ихор Скибиук и полковниците Павло Палиса и Вадим Сухаревски. Сите се разгледуваат за лидерски позиции во армијата тие ќе служат под водство на најискусниот украински командант, командантот на бојното поле, генерал полковник Александар Сирски“, рече Зеленски, додавајќи дека Сирски има „успешно искуство во одбраната“.

Претходно беше познато дека постојат несогласувања меѓу Зеленски и Залужњи и дека разрешениот генерал имал и политички амбиции и можен е негов настап на следните претседателски избори.

AA
Популарни