Меѓународен ден на борба против исламофобијата / Photo: AA

Обединетите нации (ОН) го прогласија 15 март за Меѓународен ден на борбата против исламофобијата со цел преземање конкретни мерки во соочување со растечката омраза, дискриминација и насилство врз муслиманите“

Прогласувајќи го 15 март за Меѓународен ден на борбата против исламофобијата во март минатата година, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш тогаш рече дека речиси две милијарди муслимани ширум светот се „соочуваат со нетрпеливост и предрасуди само поради својата вера“ и дека муслиманките трпат „трикратна дискриминација поради својот пол, етничка припадност и вера.

Нагласувајќи дека „мора да ја зајакнеме нашата одбрана“, Гутереш ги истакна мерките на ОН како што е Планот за акција за заштита на верските места.

Тој, исто така, повика на засилување на политичките, културните и економските инвестиции во социјалната кохезија.

islamofobija AA

Солидарност, преземање одговорност и заедништво

Другите политики што веќе се започнати вклучуваат Стратегија и план за акција за говорот на омраза и извештајот на „Нашата заедничка агенда“, кој ја опишува рамката за поинклузивна и побезбедна „дигитална иднина“ за сите луѓе.

На настанот на највисоко ниво во Обединетите нации со кој се одбележува Меѓународниот ден за борба против исламофовијата во улога на ко-свикувач беше Пакистан каде се обрати и нивниот министер за надворешни работи Билавал Буто Зардари, кој подвлече дека „исламот е религија на мирот, толеранцијата и плурализмот“.

Иако исламофобијата не е нова, тој рече дека е „тажна реалност на нашето време“ која само се зголемува и се шири.

„Од трагедијата од 11 септември, непријателството и институционалниот сомнеж кон муслиманите и исламот ширум светот само ескалираа до епидемиски размери. Развиен е и распространет наратив кој ги поврзува муслиманските заедници и нивната религија со насилство и опасност“, рече Зардари, кој е и претседател на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Со покренување на прашањето до решавање на проблемот

Хеисам Галион, член на Исламското друштво од на регионот од Тексас „Гратер Хјустон“, смета дека исламофобијата е глобално прашање за кое треба да се зборува.

„Тоа ми говори дека навистина имаме проблем, голем проблем, кога ОН призна дека исламофобијата е глобално прашање и против тоа да се зборува“, рече Галион. Во телефонски разговор за агенцијата Анадолу (АА), Галион истакна дека единствен начин да се реши исламофобијата е пораката да се пренесе во светот, што токму го прават Обединетите нации.

„Мораме да разговараме за тоа. Не можете да го решите проблемот доколку тоа прашање не го покренете“, порача тој.

Иако Галион призна дека дискриминацијата кон муслиманите е вековен проблем, истакна дека распространетоста на исламофобијата во САД излегла на виделина веднаш по нападот на 11 септември во 2001 година.

„Нѐ видоа нас како терористи, како Осама бин Ладен. Тоа навистина нанесе голема штета кон муслиманите тука во САД. Луѓето кои имаа неутрално мислење за исламот, наеднаш развија негативни ставови за нив, токму како по Лерл Харбор во Втората светска војна кога САД создаде логори за интернирање и дискриминација на јапонската заедница која живее во Америка“, рече Галион.

Исламофобијата вкоренета во ксенофобија

Претседателот на Генералното собрание на ОН Чаба Короси исто така напомена дека „исламофобијата е вкоренета во ксенофобијата, односно стравот од странци, кој се рефлектира во дискриминаторните пракси, забрани на патувањата, говорот на омраза, малтретирањето на други луѓе“ и ги повика земјите да ја поддржат слободата на религијата и да преземат мерки против омраза.

„Сите ние носиме одговорност да ја оспориме исламофобијата или кој било сличен феномен, да ја препознаеме и посочиме неправдата и да ја осудиме дискриминацијата врз основа на религиозни верување или уверување“, рече Короси.

ОН соопштија дека сите земји „мораат да се соочат со нетрпеливост каде и да се“, вклучувајќи ја борбата против говорот на омразата на интернет. Додаваат дека соработуваат со владите, регулаторите, медиумите и технолошки компании на заштита.

„Тоа навистина е големо прашање. Тоа е меѓународно прашање. И драго ми е што ОН тоа го препознава“, рече Мунир Ибрахим, поранешен претседател на индиското муслиманско здружение „Греат Хјустон“.

Ибрахим за АА рече дека иако исламофобијата во САД моментално не е на екстремно ниво, пред повеќе од две децении по 11 септември беше. Тој рече дека „дискриминацијата и отуѓувањето на муслиманите и понатаму е општествен проблем“, кој треба да се решава.

„Да се клања, да се моли и да се носи хиџаб, станаа симболи на предрасуди ширум светот не само во САД“, рече Ибрахим, додавајќи дека исламофобијата ги погодува муслиманите во сите земји, од Европа преку Русија до Индија и Кина.

Ибрахим нагласи дека „најдобар начин“ на борбата против исламофобијата е расветлување на пробелмите и едукација на јавноста за толеранција, разбирањето и љубезноста.

„Нека овој меѓународен ден биде катализатор. За борбата против исламофобијата и дискриминацијата треба да се говори секојдневно“, рече Ибрахим.

И Ибрахим и Галион веруваат дека патот кон иднината може да биде позитивен во борбата против исламофобијата ширум светот, но ќе биде потребно доста работа од сите страни.

„Муслиманските заедници мораат повеќе да се вклучат и да допрат до другите заедници. Едуцирајте го општеството за исламот, донесете ги во своите џамии и споделете ги своите верски уверувања. Прифатете ги другите култури и учете за другите религии, токму како што сакате другите да учат за вашата“, порача Ибрахим.

Галион верува дека и владите мораат да го направат својот дел за да постават стандард дека омразата и нетолеранцијата од било кој вид се неприфатливи.

„Мислам дека секоја земја мора да донесе некои закони кои исламофобијата ја сметаат за злосторство. Би требало да се казнуваат луѓето кои ги напаѓаат муслиманите и ги сквернават нивните верски објекти. Мораат да постојат казни за луѓето кои ќе извршат злосторство од омраза кон муслиманите. Тие, некако, мораат да бидат одговорни и за своите дискриминаторски постапки и за зборови“, рече Галион.

TRT Balkan / агенции
Популарни