Самитот ЕУ-Украина, прв од почетокот на руската војна против Украина во февруари минатата година, е закажан за в петок, 3 февруари.
Времето и локацијата на самитот не се објавени поради безбедносни причини.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се состанат со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Тоа воедно е и првиот самит откако Европскиот совет на Украина ѝ додели статус на земја кандидат минатиот јуни.
Тројцата лидери се очекува да разговараат за процесот на пристапување на Украина, одговорот на Унијата на војната во Украина, соработката за обнова и помош и енергијата и поврзувањето.
Се очекува дека ќе биде решено и прашањето на глобалната безбедност на храната, а на крајот на состанокот ќе биде издадено заедничко соопштение.
Европската комисија даде мислење за барање за членство на Украина во ЕУ на 17 јуни минатата година, после што Киев доби статус на кандидат.
Минатиот декември, украинскиот парламент усвои неколку закони кои ги препорача Европската комисија за унапредување на процесот на придружување на земјите во ЕУ.