Првата дама на Туркије Емине Ердоган се обрати на Сесијата за жени, мир и безбедност на Форумот за дипломатија во Анталија/Фото: AA

Емине Ердоган првата дама на Туркије ја истакна важноста на улогата на жените во постигнувањето траен и одржлив мир во светот.

Обраќајќи им се на сопружниците на лидерите и учесниците на Сесијата за жени, мир и безбедност на Форумот за дипломатија во Анталија, Емине Ердоган рече:

„Не смееме да заборавиме дека траен и одржлив мир произлегува од процес во кој никој не е оставен зад себе“.

„Не може да се очекува успех на мировниот процес сè додека не се вклучени жените, кои се основен и трансформативен дел од општеството“, истакна таа.

„Никогаш нема да им се поклониме на оние кои се обидуваат да го намалат тешко стекнатото меѓународно право и правосуден систем, стекнати со скапо платена цена со една обична писмена изјава“, нагласи Ердоган.

Подвлекувајќи дека државите низ светот моментално се соочуваат со кризи од толкава големина што ниту една земја не може сама да се справи со нив, таа посочи:

„Основите на вредностите и институциите кои не држат заедно како човештво никогаш не биле така длабоко потресени во поновата историја“.

„Овој состанок не го одржуваме во мирна средина, туку за жал, под темната сенка на војната“, додаде Ердоган, мислејќи на тековната израелска војна во Газа.

„Во ера каде поларизацијата и расизмот се во пораст, нетолеранцијата и алчноста ја поттикнуваат омразата, одржувањето на мирот и редот станува сè потешко“, додаде таа.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз палестинската Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој Тел Авив рече дека се убение околу 1.200 луѓе.

Најмалку 30.320 Палестинци оттогаш се убиени, а уште 71.533 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Газа, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Војната на Израел предизвика 85 отсто од населението во Газа да биде внатрешно раселео поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоци на ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да престане со геноцидните акти и да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Ситуацијата продолжува да предизвикува загриженост на меѓународната сцена, нагласувајќи ја итната потреба од дипломатска интервенција и хуманитарна помош во регионот опфатен со конфликти.

TRT World
Популарни