Напаѓачот во Прага кој отвори оган на Филозофскиот факултет е елиминиран/ Фото: AP

11 загинати меѓу кои и напаѓачот (Обновено)

Вкупно 11 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени, а уште девет потешко се повредени во инцидент со пукање на универзитет во Прага главниот град на Чешката Република, соопштија властите.

Уште 16 други се здобиле со умерени и полесни повреди.

По смртоносниот инцидент, претседателот на државата Петр Павел одлучи да го прекине службеното патување во Франција.

Павел ќе се сретне со државните безбедносни сили, додека премиерот Петр Фиала, исто така, ја откажа својата програма за работа во Оломуц и се упатува кон Прага. Чешката влада, наводно, вечерва ќе одржи итен состанок.

Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската комисија го изрази своето „најдлабоко сочувство“ по инцидентот.

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Стоиме и жалиме со вас“, напиша таа на платформата X.

Првични информации:

Чешката полиција потврди дека при вооружен напад на универзитет во Прага има неколку загинати и ранети луѓе.

Пукањето го извршиле едно лице кое е елиминирано, а најверојатно самото си го одзело животот, јави полицијата. Тоа го потврди и Вит Ракусан, министерот за внатрешни работи на Чешка.

Инцидентот се случил на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет во центарот на Прага, соопшти полицијата.

Целата зграда е евакуирано, но според полицијата не постои дополнителна опасност. Властите ги повикаа граѓаните да се држат настрана од местото на настанот и да останат во затворени простории.

Засега нема информации за други напаѓачи, а исто така и мотивите и околностите на нападот не се соопштени и ќе бидат дополнително утврдени.

TRT Balkan / агенции
Популарни