Рускиот претседател повика да се прогласи режим на максимална подготвеност во четирите региони     Фото: АА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша декретот за воведување воена состојба во украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кои Русија неодамна ги анектираше.

На состанокот на Советот за безбедност, Путин рече дека жителите на овие региони јасно ја изразиле нивната волја за придружување на Русија. Според Путин, Киев одбива да ги прифати резултатите од референдумите и врши саботажа на територијата на Русија. Рускиот претседател истакна дека е неопходно да се прогласи воена состојба на тие територии.

„Го потпишав декретот за воведување воена состојба во овие четири субјекти на Руската Федерација. Тој веднаш ќе биде испратен до Советот на Федерацијата на одобрување. Думата исто така е известена за одлуката”, рече Путин.

Според уредбата објавена на интернет страницата на Кремљ, Министерството за одбрана Министерството за внатрешни работи и неколку други тела мораат да поднесат предлози за мерките кои се применуваат на териториите на кои е воведена воена состојба.

Во посебен декрет, Путин повика да се прогласи режим на максимална подготвеност во овие четири региони и режим на просечна подготвеност во областите кои се граничат со Украина. Путин наложи и формирање на територијална одбрана и зајакнување на мерките на сигурност на сите објекти, како и на главните активности на населението, функционирањето на сообраќајните, комуникациските и енергетските објекти.

Рускиот претседател нареди и евакуација на луѓето од териториите кои се во опасност како и посебен режим за влез и излез. Путин предложи и ограничување на слободата на движење и претрес на возила.

AA
Популарни