Рускиот лидер рече дека потпишал декрет за делумна мобилизација, која треба да започне во среда.

Рускиот претседател Владимир Путин во среда најави „делумна мобилизација“ со која ќе бидат повикани 300.000 руски резервисти по ескалацијата на руската војна во Украина.

Во своето обраќање реќе дека руските сили на фронтот дејствуваат во линија долга 1.000 километри соочени со „целата воена машина на колективниот Запад“.

„Во таква ситуација, сметам дека е неопходно да се донесе следната одлука, која е целосно соодветна на заканите со кои се соочуваме. Имено, со цел да ја заштитиме нашата татковина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет и да ја обезбедиме безбедноста на нашиот народ и народ на ослободените територии сметам дека е неопходно да се поддржи предлогот на Министерството за одбрана и Генералштабот за спроведување делумна мобилизација во Руската федерација“.

Најавата на претседателот Владимир Путин доаѓа еден ден откако регионите под руска контрола во источна и јужна Украина објавија дека планираат да одржат гласање за приклучување кон Русија.

Рускиот лидер рече дека потпишал декрет за делумна мобилизација, која треба да започне во среда.

„Зборуваме за делумна мобилизација, односно само граѓаните кои моментално се во резервен состав ќе подлежат на воен рок, а пред се оние кои служеле во вооружените сили имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство“, додаде тој.

Путин додаде дека Русија ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја заштити својата територија, обвинувајќи го Западот дека сака да ја „уништи“ земјата.

„Кога територијалниот интегритет на нашата земја е загрозен, ние сигурно ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме Русија и нашиот народ. Ова не е блеф“, рече тој.

Напорите поддржани од Кремљ за анексија на четирите украински региони би можеле да создадат терен за Москва да ги ескалира борбите по украинските успеси на бојното поле.

Референдумите, кои се очекуваше да се одржат уште од првите месеци од борбите, ќе започнат во петок во регионите Луганск, Харсон и делумно контролираните од Русија Запорожје и Доњецк.

Министерот за одбрана Сегеј Шојгу изјави дека се спроведува мобилизација за контрола на „веќе ослободените територии“, за што околу 300.000 резервисти ќе бидат повикани на делумна мобилизација.

„Русија не е во војна толку со украинската армија колку со „колективниот Запад“, целата сателитска констелација на НАТО работи против Русија во Украина“, вели Шојгу.

TRT Balkan / агенции
Популарни