Вооружените сили на Украина се обидоа да ја нападнат нуклеарната централа Курск, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот за ситуацијата во пограничните региони, регионите Курск, Белгород и Брјанск.
„Непријателот се обиде да ја погоди нуклеарната централа во текот на ноќта“, рече Путин.
Тој изјави дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) била информирана за обидите за напад на нуклеарната централа Курск.
„Меѓународната агенција за атомска енергија е информирана, тие ветија дека ќе испратат експерти за да ја проценат ситуацијата“, рече Путин, пренесува РИА Новости.
Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена Михаил Уљанов претходно денеска изјави дека посетата на директорот на МААЕ Рафаел Гроси на нуклеарната централа Курск е планирана за следната недела.
Минатата сабота Гроси и генералниот директор на Росатом Алексеј Лихачев телефонски разговараа за ситуацијата во нуклеарните централи Курск и Запорожје.
Лихачов нагласи дека ситуацијата околу овие нуклеарни централи продолжува да се влошува и го покани Гроси во блиска иднина да ја посети нуклеарната централа Курск и градот Курчатов и лично да ја процени ситуацијата околу централата.
Во окрузите Курск, Белгород и Брјанск е на сила режим на антитерористичка операција за да се обезбеди безбедност на граѓаните.