Државната агенција за управување со катастрофи вчера објави дека 162 лица загинале во земјотресот со јачина од 5,6 степени.      Фото: Ројтерс

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија расте, а во тек се акции за спасување на луѓето затрупани под земја.

Државната агенција за управување со катастрофи вчера објави дека 162 лица загинале во земјотресот со јачина од 5,6 степени.

Гувернерот на Западна Јава, Ридван Камил, соопшти дека во земјотресот што го погоди Цианџур повредени се над 700 лица.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во Џакарта и во други региони, вклучувајќи ги Ранчаекек, Јужен Тангеранг и Депок.

AA
Популарни