Ратификувани договорите за припојување на украинските региони кон Русија

Ратификувани договорите за припојување на украинските региони кон Русија

Пратениците на руската Дума едногласно го поддржаа припојувањето на Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.
Одлуката на руската Дума следува по референдумите од 23 до 27 септември     Фото: АА

Долниот дом на рускиот Парламент, државната Дума ги ратификуваше договорите за приклучување на четирите региони на Украина кон Русија.

Пратениците гласаа поединечно и го поддржаа припојувањето на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Русија. Сите пратеници гласаа за поддршка на припојувањето. Немаше ниту еден против или воздржан.

Минатиот петок рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор со сепаратистичките власти на четирите украински региони за приклучување кон Русија откако тие од 23 до 27 септември спроведоа референдуми.

Гласањето се случи седум месеци по почетокот на војната во Украина. Меѓународната заедница ги осуди референдумите. ЕУ и САД веќе излегоа со став дека нема да ги признаат.

Туркије го смета потегот на Москва за сериозно кршење на принципите на меѓународното право.

„Ја отфрламе одлуката на Русија да ги анектира регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон во Украина”, е ставот на Туркије.

AA
Популарни