Денес во Анкара започна форумот „Репортер: Форум за преиспитување на новинарството во дигиталната ера“ во организација на Агенција Анадолу (AA).
На форумот, кој почнува денес во 11:00 часот по локално време во Генералниот директорат на АА, ќе се разговара за основните информации од традиционалното новинарство, социјалните медиуми и апликациите за вештачка интелигенција кои ги обликуваат денешните медиуми.
На форумот чиј модератор е Зејнеп Бајрамоглу Озтурк, свои обраќања ќе имаат проф. д-р Фатих Кескин, продекан на Факултетот за комуникации на Универзитетот во Анкара, и новинарите Селим Аталај, Таха Хусеин Караѓоз, Ахмет Јешилтепе и Дидем Озел Тумер.
Во рамките на програмата на форумот ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу Универзитетот во Анкара и АА.
На форумот на кој ќе биде претставена и ажурираната книга „Репортер“ на АА, ќе присуствуваат академици и студенти од факултетите за комуникации, репортери кои работат во традиционални и дигитални медиуми и вработени во АА.