Ставот на Путин за ова прашање е формулиран „исклучително јасно и недвосмислено“ / Фото: Reuters

Официјална Москва излезе со став дека евентуалната употреба на американски ракети со долг дострел врз цели во Русија на крајот ќе доведе до „нова рунда на тензии“.

Медиумите известија дека претседателот во заминување Џо Бајден дозволил укинување на ограничувањата за употреба на ваков вид оружје од страна на Украина.

Бајден наводно и одобрил на Украина употреба на ракетите АТАЦМС за напади во Русија, што означува голема промена во американската политика пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамо во јануари 2025 година.

„Ако таквата одлука навистина била формулирана и соопштена на режимот во Киев, тогаш, се разбира, ова е квалитативно нов круг на тензии и квалитативно нова ситуација од гледна точка на вмешаноста на САД во овој конфликт“, изјави Дмитриј Песков портпарол на Кремљ.

Изразувајќи дека ставот на Русија мора да им биде апсолутно јасен на сите, Песков рече дека овие сигнали кои ги искажал самиот руски претседател Владимир Путин за време на состанокот со шефовите на водечките меѓународни новински агенции во Санкт Петербург во јуни Западот ги регистрирал.

Песков понатаму рече дека ставот на Путин за ова прашање е формулиран „исклучително јасно и недвосмислено“, што дополнително укажува дека руската страна е запознаена со таквите информации само врз основа на публикации во западните медиуми.

Тој, исто така, рече дека опасноста што ја гледа Кремљ во врска со ова прашање е дека таквите удари на долг дострел не ги изведува Украина, туку оние земји кои му даваат дозвола на Киев.

„Ова радикално го менува модалитетот на нивното вклучување во конфликтот (во Украина), рече Песков, додавајќи дека администрацијата на Бајден во заминување има намера да преземе чекори за понатамошна ескалација на тензиите околу руско-украинската војна.

AA
Популарни