Русија денес објави дека американскиот сенатор Линдзи Грахам го ставила на потерница поради коментарите што ги дал за време на состанокот со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев, јавуваат државните медиуми.
„Грахам Линдзи Олин, Американец, роден на 9 јули 1955 година, се бара според член од Кривичниот законик“, соопшти руското Министерство за внатрешни работи, пренесе државната новинска агенција ТАСС.
Еден ден претходно Русија објави дека повела кривична постапка против Грахам поради неговите коментари, опишувајќи ги како „русофобични“.
„Претседавачот со Истражниот комитет на Русија, А.И. Бастрикин, му наложи на Главниот истражен оддел да започне кривична истрага за изјавите на американскиот сенатор за убиството на Русите“, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет во неделата.
За време на петочната средба со Зеленски во Киев, главниот град на Украина, Грахам беше снимен како во видео, споделено на Телеграм на профилот на украинскиот претседател, вели: „Русите умираат... Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле.“
Како одговор на видеото, руските власти ги осудија коментарите на Грахам, а Кремљ рече дека е тешко да се замисли поголем срам за земјата (САД) од тоа да има такви сенатори.