Русија го започна 36-часовниот едностран прекин на огнот во Украина / Photo: AA Archive

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу прекин на огнот долж целата линија на контакти во Украина од 12 часот по локално време (9.00 GMT) во петок, 6 јануари, до полноќ (21.00 GMT) во сабота, 7 јануари.

„Со оглед на фактот дека во воените зони живее голем број православни верници, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на огнот и да им пружи можност да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божиќ“, рече Путин.

Претходно вчера, патријархот Кирил, водачот на Руската православна црква, повика на примирје во Украина за Божиќ кој повеќето православни христијани го слават на 7 јануари.

Реакција од Украина до Русија: Задржете го лицемерството за себе

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак го осуди предлогот на Русија еднострано да прогласи примирје во пресрет на празникот Божиќ.

„Првин, Украина не напаѓа странска територија и не убива цивили како што тоа го прави Руската Федерација. Украина ги уништува само припадниците на окупациската војска на своја територија“, напиша Подуљак на Твитер.

Тој побара Русија „да ги напушти окупираните територии“, истакнувајќи дека само тогаш ќе има „привремено примирје“. „Задржете го лицемерството за себе“, напиша тој.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во обраќањето до јавноста доцна вечерта ја обвини Русија дека го користи прекинот на огнот како параван за запирање на военото напредување на Киев.

TRT Balkan / агенции
Популарни