Русија го гаѓала градот Днипро со проектили / Photo: AFP

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот одби да ги коментира тврдењата на Украина за наводно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од Русија кон Украина.

На брифингот со новинарите во Москва, Песков ги пренасочи прашањата до руското Министерство за одбрана, велејќи: „Препорачувам да контактирате со војската. Во моментов немам информации за оваа тема“.

Во меѓувреме, вооружените сили на Украина тврдеа дека Русија го гаѓала градот Днипро со проектили, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета лансирана од регионот Астрахан.

AA
Популарни