Украинските власти се уште не го коментирале тврдењето на Русија / Photo: AA

Русија тврди дека открила и уништила три чамци без екипаж на украинската морнарица во северниот дел на Црното Море.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека чамците биле откриени околу 1 часот (ГМТ)и дека областа била погодена од „анти-диверзантски ракетни системи и бомби“.

„Се спроведуваат анти-диверзантски мерки и се отстрануваат мини на надворешната рива на заливот Севастопол“, се вели понатаму во соопштението.

Гувернерот на Севастопол, каде е сместено седиштето на Руската Црноморска флота, Михаил Развозаев ноќеска на својат профил на Телеграм објави дека се преземаат мерки за борба против подводните диверзантски сили и средства.

Украинските власти се уште не го коментирале тврдењето на Русија, а независната проверка на истото е тешко поради тековниот конфликт.

AA
Популарни