Русија: Во железничка несреќа загинаа две лица, 40 се повредени / Photo: AA

Руските железници денес објавија дека две лица загинале, а 40 се повредени кога патнички воз излета од шините во северниот руски регион Коми.

„На местото каде што излетал патничкиот воз Воркута - Новоросијск се пронајдени две тела“, се наведува во соопштението на компанијата на Телеграм.

Руското Министерство за здравство соопшти дека во несреќата се повредени 40 лица, од кои седум се во критична состојба. Првично, руските железници објавија дека има 70 повредени, но се покажа дека повеќето од нив се здобиле со модринки и исекотини.

Возот имал 14 вагони, од кои девет се превртеле. Руските железници соопштија дека во возот имало вкупно 232 лица.

Останува нејасна точната причина за несреќата, а постои можност таа да е предизвикана од силниот дожд кој го однел железничкиот насип.

AA
Популарни